Станови во Скопје и недвижнини, Агенции за недвижности

КОЈ Е ВАШИОТ СКАПОЦЕН КАМЕН? (ВТОР ДЕЛ) Сподели E-mail






Скапоцените камења лечат и разубавуваат, а секој месец во годината си има свој камен и своја боја





Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човековиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото, моќта на камењата влијае на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми.
Утврдено е дека на секој месец во годината му одговара одредена боја, па така зависно од месецот во кој сте родени може да дознаете која боја на камен е идеална за вас (прилог-табела).

ОПАЛ
Го чисти организмот и го подмладува, носи емоционално заздравување и помага во остварување на меѓучовечките односи. Дава смисол на секојдневниот живот и ги проширува духовните перспективи.

ПЕРИДОТ
Делува во случаи на каснување од инсекти, на астма и алергиски реакции. Помага во лечењето на проблеми со градите, срцето и белите дробови. Го подига расположението и ве упатува на позитивно гледање на работите.


РУБИН   
Спаѓа во редот на најценетите скапоцени камења и има изразено црвена боја.Има својство да ги исчисти сите болести од човековото тело. Рубинот е симбол на слободата, достоинството и волшебната моќ. Се верува дека чува од реума и лоши сонови. Својот сопственик го предупредува со промената на бојата.

СМАРАГД
Спаѓа во најубавите скапоцени камења со кристално зелена боја. Познат е како камен на мудроста. Ја зголемува интелегенцијата и го подобрува видот. Се верувало дека има голема окултна моќ, па затоа се користел во медицината, маѓијата и религијските обичаи.

САФИР
Скапоцен камен со плава боја кој ги персонифицира разбирањето и духовната рамнотежа. Доведува до хармонија, ја елиминира неслогата, донесува среќа на добронамерните со чисто срце. Се верува дека го открива љубовното неверство и неискреност. Ако го носи личност која живее двоен живот, го губи сјајот.

САРДОНИКС
Ги олеснува болките во грбот и рбетот, менструалните проблеми, проблемите со црниот дроб и го чисти телото од нечистотии. Ја регулира работата на жлездите посебно на штитната жлезда.



ТОПАЗ
Камен со прозирна боја но има и нечистотии. Најчесто има боја на бело вино или жолта боја. Се нарекува и "Камен на пријателството". Ја развеселува душата и го прави човекот да се чувствува слободен и задоволен. Ако се носи на левата рака ја зголемува интелегенцијата и храброста.

ТИРКИЗ
Камен со сјајно зелено-сина боја. Се нарекува и "Камен на среќата". Симбол на љубовта и богатството. Помага во оздравување на заболени од психичка депресија и меламхолија. Носи храброст и успех на оној што го носи. Ја спречува кавгата, а го зацврстува пријателството. Поседува лековити својства и го предупредува сопственикот на болест со менување на бојата, доколку постојано го носи.

ТУРМАЛИН
Тоа е пиезоелектричен камен, што значи дека заедно со топлината создава електрицитет. Ги балансира левата и десната хемисфера на мозокот, го трансформира негативното мислење и однесување во позитивно. Штити од зрачењето на мобилните телефони, од радијација и од негативна енергија од сите облици.

ЦИТРИН
Во старите култури бил познат како "сончев камен" заради неговата жолта боја. Го штити црниот дроб, слезината и дегистивниот тракт. Ефикасен лек против депресии и фобии, ќе ви помогне јасно да размислувате. Користен е за зголемување на енергијата во организмот , посебно на сексуалната енергија.


ДОЗНАЈТЕ КОЈА Е ВАШАТА БОЈА НА КАМЕН ПРЕМА МЕСЕЦОТ НА РАЃАЊЕ

МЕСЕЦ        БОЈА

Јануари         Темно црвена
Февруари      Виолетова
Март              Светло плава
Април            Прозирна
Мај                 Темно зелена
Јуни               Светло виолетова
Јули               Црвена
Август            Светло зелена
Септември    Темно плава, Виолетова
Октомври      Розева
Ноември        Жолта, Амбер
Декември      Светло плава




 

Женски тајни радио

 

Активни теми