????? ? ??????? ??????

Тајните на Вашата кујна, декорации, коктели,сокови, кафе...приготвување.

Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 10 Феб. 2011 20:15

Секојдневните чаеви и нивната делотворна моќ

Чај од ким
-Има благопријатно дејство врз цревната флора благодарение на маслото кое го содрши.Се дава и на доенчиња во случај да имаат стомачни тегоби.
Подготовка:Во малку загреана вода која врие,се ставаат 3-4 зрнца ким.Малку да проврие и се трга да се излади.Се процедува и се пие.

Чај од нане
-Најчесто се користи за стомачни тегоби (грчеви,гасови).Се користи за подобрување на апетитот, зголемување на секрецијата на дигестивните жлезди, за проблеми во респираторните органи.

Чај од камилица
-Добар е за смирување на грчеви кај доенчињата и возрасните,настинки, инфицирана кожа и слузница.

Чај од коприва
-Присутните активни компоненти, меѓу кои витамините, танините, хлорофилот и солите на железо го нормализираат метаболизмот на мастите во организмот, ја подобруваат крвната слика и дејствуваат благотворно на циркулацијата.

Чај од кантарион
-Чајот содржи активни компоненти кои смируваат, дејствуваат антидепресивно, а воедно го подобруваат и функционирањето на системот за варење. Се препорачува да се пие во попладневните часови и за добар сон.

Чај од липа
-Особено ги смирува симптомите на грип и настинка, ја намалува зголемената телесна температура при настинки, ангина и бронхитис, а помага и за намалување на нервната раздразнетост при болки и спазми кај деца и кај возрасни, како и при несоница.

Чај од мајчина душица
-Билката изобилува со етерични масла и други компоненти кои поволно дејствуваат на организмот. Чајот од мајчина душица се препорачува при проблеми со органите за варење на храната, при настинки, како средство за смирување и за добар сон.

Чај од магдонос
-помага при едематозни состојби, висок крвен притисок и диети. Според некои студии, магдоносот ја инхибира секрецијата на хистамин, супстанција која организмот ја продуцира при алергиски реакции. Антихистаминското дејство на магдоносот може да се користи при поленска треска, напади на астма и друг вид алергиски манифестации.
Што се однесува до дејствувањето на магдоносот при бубрежни воспалителни процеси, тој може успешно да се користи за болки при мокрењето, при отежнето мокрење како и за исфрлање камчиња од бубрезите.

Планински чај
-Чајот има исклучително пријатен мирис и вкус. Се препорачува за подобрување на апетитот, при настинка и грип, бронхитис и ангина, како и за смирување на нарушувањата на органите за варење храна.

Чај од хибискус
-Богат е со витамините Ц и А, а заради диуретичното дејство се препорачува за намалување на зголемениот крвен притисок. Секогаш свежо приготвен, препорачуваме да се пие како топол или ладен пијалак.

Чај од шипка со хибискус
-Се препорачува за подобрување на метаболизмот, зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на пропустливоста на крвните садови, како и за намалување на зголемениот крвен притисок.

Извор
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 10 Феб. 2011 20:18

Видови на овошни чаеви


Овошните чаеви се вкусни, ароматични и бескрајно освежителни напивки кои може да се приготват како топли или ледени, во зависност од вашите желби и времето кога ќе одлучите да ги консумирате. Ви ги препорачуваме како свежо приготвени, послужени во комбинација со резeнки лимон или неколку капки рум, сè според вашиот вкус.

Овошен чај боровинка
-Инхибицијата на развој на микроорганизми во цревниот тракт, кои предизвикуваат дијареја. Затоа не заборавајте на чајот од боровинка кога тргнувате на пат, а обезбедете го и во вашата домашна аптека, како помошно средство за третирање дијареја.Тој го подобрува видот, ги опушта напрегнатите очи и ја намалува чувствителноста при промена на интензитетот на светлина.

Овошен чај брусница
-Брусницата изобилува со антоцијани, проантоцијанидини, флавоноли, органски киселини, танини, етерични масла, овошни шеќери и витамини. Брусницата е добар извор на витамините А, Ц, Б и на фолната киселина. Плодот од брусница содржи состојки кои го спречуваат слепувањето на уринарните бактерии на слузницата на уринарните патишта и на тој начин ги штитат од инфекции. Го зголемува нивото на HDL - холестеролот (добрата фракција на холестеролот), предизвикувајќи 40% - нo намалување на ризикот од срцеви заболувања.благопријатно дејствуваат и на очите, значително подобрувајќи ги симптомите на катаракта и на дијабетичната ретинопатија.брусницата го спречува и развојот на дентална плака, предизвикана од бактерии присутни во усната празнина и спречува заболувања на гингивите.

Овошен чај јаболко со цимет
-Претставува мешавина од исушени јаболка и кора од цимет, дополнета со шипка, хибискус, крушка, липа.одличен за борба против бактериите, со благо смирувачко дејство.Ви го препорачуваме во секое време, а особено по оброкот, за да ви помогне при варењето на храната и да ве освежи, кога и да посакате!

Овошен чај лимон
-Претставува мешавина која содржи и исушени јаболка, маточина, сладок анасон, бозел и цвет од багрем.Ви го препорачуваме при проблеми со варењето на храната, бидејќи ја олеснува работата на желудникот, ја смирува неговата надразнетост и ја нормализира дигестијата. Воедно го ублажува и намалува прекумерното потење и го освежува организмот.Може да се приготви и како леден пијалак, со повеќе коцки мраз и неколку резенки од свеж лимон.

Овошен чај портокал
-Претставува мешавина на кора од портокал со плодови од шипка и крушка, хибискус, маточина и цвет од багрем, со додаток на природна арома. Благото седативно дејство на маточината ќе ви овозможи и полесно да заспиете, по напорниот работен ден. Најдобро е тогаш да го приготвите чајот топол и да му додадете неколку капки рум.

Овошен чај јагода со ванила
-Мешавина од одбрани билки како шипка, хибискус, плод од јаболко, портокал, ароматизирана со природни ароми на јагода и ванила.пријатно дејствува и кога имате проблеми со варењето на храната, како благ диуретик, а помага и за подобрување на циркулацијата.

Овошен чај праска
-Мешавина од сушени овошја и билки, ароматизирана со интензивна и пријатна арома на праска.се препорачува и за подобро варење на храната, за намалување на отоците или едемите, и за подобрување на циркулацијата.

Овошен чај шумско овошје
-Мешавина од плодови од јаболко, круша, аронија, боровинка, шипка и цветови од хибискус и бозел.чајот се препорачува за подобрување на варењето на храната, при состојби на цревни воспаленија, за подобрување на циркулацијата и како благ диуретик кој го потпомага излачувањето на вишокот течности од организмот.Се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, незасладен и во секое време од денот.

Извор
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 10 Феб. 2011 20:19

Класични чаеви

Бел слез
-Претставува сушен корен од бел слез кој поволно дејствува при воспалитени промени на органите за дишење, ја ублажува сувата и иритирачка кашлица, ја омекнува мукозата на трахејата и бронхиите, и поволно влијае на нивното оздравување.

Камилица
-Заради лековитите дејства на камилицата, одамна се употребува како средство против болки и грчеви во органите за варење, особено кај децата, како и за лекување на различни воспаленија на кожата и слузокожата.

Линцура
-Се препорачува за подобрување на апетитот, за подобрување на состојби при нарушена циркулација, проширени вени, при желудочни заболувања, за подобро искористување на хранливите материи и против треска.

Жалфија
-Се препорачува при воспалителни процеси на слузницата на усната празнина и на грлото, при гингивитис или воспаление на непцата. Успешно дејствува и при воспаленија на крајниците, а и при ларингитис или воспаление на гласните жици, како и за лекување на ранички на слузницата на усната празнина, предизвикани од протези или друг вид стоматолошки помагала.Може да се користи при настинка (може да се инхалира нејзината пареа што помага во прочистувањето на синусите), при нарушување со варењето на храната, за намалување на нивото на шеќер во крвта, за стимулација на функцијата на црниот дроб и за намалување на потењето.

Извор
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 10 Феб. 2011 20:20

Зелени и Црни чаеви

Зелениот чај за разлика од црниот е неферментиран чај. Листовите веднаш по бербата подлежат на обработка со водена пареа, со што се спречува ферментацијата и се овозможува задржување на зелената боја на листовите. Зелениот чај, токму заради овој начин на обработка, задржува голем дел од активните соединенија и поседува значително посилни својства во споредба со црниот.
Зелениот чај е богат со флавоноиди, или попрецизно речено полифеноли, кои имаат силно антиоксидантно дејство. Полифенолите ги неутрализираат слободните радикали, кои се причинители за оштетувањето на клетките (причина за развивање на разни болести) и за забрзаниот процес на стареење на организмот.

Чувар на срцето
Природните антиоксидантни својства на зелениот чај го штитат организмот од болести на срцето, бидејки ги намалуваат ризичните фактори како висок холестерол, зголемени триглицериди и зголемен крвен притисок. Нивото на холестерол во крвта се намалува пропорционално со внесената количина зелен чај, а истражувањата покажуваат дека се снижува и систолниот притисок.

Јаки и здрави заби
Зелениот чај е богат со флуор, значаен за окоскување и за цврстина на забите, помага да се спречи расипувањето на забите и при болестите на забното месо.

Против целулит
Зелениот чај помага и против целулитот, бидејќи ја ограничува апсорпцијата на маснотиите и ја поттикнува површинската циркулација. Тој е познат и како чај кој го помага слабеењето.

Богат извор на витамини и минерали
Зелениот чај содржи значително количество витамин Ц, исклучително јак антиоксиданс. Во зелениот чај тој е присутен четирипати повеќе отколку во лимонот и портокалот. Ваквата висока концентрација на витамин Ц во зелениот чај, му дава својство да го зајакнува имунолошкиот систем и да ги спречува негативните ефекти на слободните радикали во организмот, причинители на многу заболувања.

Извор
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 10 Феб. 2011 20:22

МАГИСТРАЛНИ ЧАЕВИ

Гавезов микс
- чај за смирување цревни воспаленија
-Чајна мешавина од лист од маточина, жалфија, пелин, корен од гавез, бел слез и други билки кои имаат антибактериско, спазмолитично, противвоспалително и атстрингентно дејство. Се препорачува при состојби на цревни воспаленија придружени со дијареја, болки во стомакот и грчеви во долниот дел на системот за варење. Чајот се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, пред оброк, неколку пати во тек на денот.

Грамил микс
- чај за смирување тегоби од хемороиди
-Чајна мешавина од ајдучка трева, камилица, коњски опаш, корен од глуварче, ленено семе и други билки кои придонесуваат за ублажување на симптомите при појава на хемороиди. Сите компоненти од мешавината го подобруваат варењето на храната, подобрувајќи ја перисталтиката на дебелото црево и притоа регулирајќи ја столицата. Чајот се препорачува и при состојби на крвавења од хемороиди, за запирање на крвавењето и за смирување на болките при појава на истите.

Хелимента микс
- чај за смирување воспаление на жолчните патишта
-Чајна мешавина од лист од нане, смил, камилица, кора од крушина и пелин и други билки кои дејствуваат противвоспалително и спазмолитично, особено на жолчните патишта. Сите билки во мешавината придонесуваат за подобрување при варењето храна, смирување на воспалителните процеси во жолчката и регулирање на нејзината функција.

Чај против воспаление на јајчници и јајцеводи
-Чајната мешавина од лист од тегавец, мечкино грозје, коњско опавче, ризом од пиревина, шипки и сладок анасон дејствува противвоспалително, антибактериски и диуретично при состојби на воспаление на јајчниците и јајцеводите. чајот против воспаление на јајчници и јајцеводи ја подобрува циркулацијата и ги смирува симптомите на воспалението.
Се препорачува долготрајна употреба на чајот, во времетраење од 3 до 4 недели.

Чај против зголемен вагинален секрет
-Чајна мешавина од камилица, лист од јагода, лист од орев, подабиче, имела и други билки кои заедно дејствуваат пред сè антимикотично и ја регулираат вагиналната микрофлора. Чајот ја подобрува циркулацијата, дејствува противвоспалително и благо диуретично и со долготрајна употреба го намалува прекумерниот вагинален секрет.

Чај против воспаление на простата
-Чајна мешавина составена најмногу од билки кои имаат диуретично, но и силно уроантисептично дејство, како мечкино грозје, коњски опаш, лист од бреза, килавица и други билки. Сите компоненти во мешавината придонесуваат за подобрување на циркулацијата, намалување на воспалителните процеси и за излачување на вишокот течности. Се препорачува да се пие во комбинација со грчко семе и корен од коприва, секогаш свежо приготвен, пред оброк, неколку пати во тек на денот.

Чај за детоксикација
-Мешавина од повеќе билки како ајдучка трева, жалфија, коприва, бреза, жолт кантарион, невен, кора од врба и други билки кои заедно придонесуваат за подобрување на системската циркулација, дејствуваат антибактериски, противвоспалително, антиоксидантно и диуретично. Мешавината дејствува на прочистување на крвта преку зголемената циркулација и диуреза и помага при детоксикација на организмот од разни токсични материи. Се препорачува долготрајна употреба на чајот, секогаш свежо приготвен, незасладен и пред оброк.

Извор
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 10 Феб. 2011 20:26

МЕДИЦИНСКИ ЧАЕВИ

Групата производи наменети како помошни средства при лекување одредени индикации или ткн. “медицински” чаеви опфаќа чаеви специјално дизајнирани, врз основа на традиционални и современи фитотерапевтски податоци за лековитите билки. Секој од чаевите претставува мешавина од лековити билки кои поволно дејствуваат на индикацијата за која е наменет чајот.

Алкалакс
- чај за прочистување
-Чајот содржи лист од сена или популарно кај народот познат како мајчин лист. Листот од сена дејствува како добар прочистувач, предизвикувајќи зголемување на перисталтиката на цревата и стимулирајќи го рефлексот за дефекација. Чајот се користи за олеснување на дефекацијата (столицата). Дејството се манифестира по 6 до 8 часа, заради што препорачливо е да се користи навечер, пред спиење.

Валериан микс
- чај за смирување
-Чајна мешавина од корен од валеријана, лист од нане, маточина и жолт канатрион. Се препорачува за ублажување на психичката напнатост, при стресни состојби, вознемиреност, надразнетост, замор и за подобар сон. Сите компоненти на мешавината имаат седативно дејство и синергистички дејствуваат, предизвикувајќи силен ефект на смирување.Се препорачува да се користи 2 пати во тек на денот, пред оброк.

Имелглог микс
- чај за намалување зголемен крвен притисок
-ајна мешавина од бела имела, лист, цвет и плод од глог, плод од шипка, корен од валеријана, маточина и коњски опаш. Се препорачува за намалување на зголемениот крвен притисок, за намалување едеми, за смирување на состојби на вознемиреност кои предизвикуваат зголемување на крвниот притисок, за подобрување на работата на срцето, како резултат на регулирање на крвниот притисок.Се препорачува да се пие неколку пати на ден, пред оброк.

Кратекор
- чај за срце
-Чајна мешавина од лист и цвет од глог, цвет од хибискус, маточина, плод од шипка и сладок анасон. Се препорачува за намалување на зголемениот крвен притисок кај лица со лесна хипертензија, за подобрување на работата на срцето, поволно дејствува при состојби на раздразнетост кои резултираат со нарушување на срцевата работа, како тахикардија и други нарушувања.Се препорачува да се пие неколку пати на ден, пред оброк.

Миртилин микс
- чај за дијабетичари
-“Миртилин-микс” е чајна мешавина наменета за дијабетичари, во која се искомбинирани моќта на природата, традицијата и најновите сознанија од фитотерапијата за шеќерната болест. Сите компоненти во мешавината “Миртилин микс”, во односот во кој се подготвени, придонесуваат за регулирање на нивото на глукоза во крвта. Мешавината се препорачува за дијабетичари кои се инсулин независни и таа се препорачува да се пие истовремено со веќе препишаната соодветна терапија од страна на лекар.

Чај од маточина
- чај против несоница и нарушувања при варењето на храната
-Листот од маточина или пчелинок, како што уште ја нарекуваат, има седативно, противвоспалително и антивирусно дејство.Се препорачува за подобар сон, за подобрување при варењето на храната, смирување на симптомите на мачнина и повраќање, стресни состојби, при главоболки, при настинки и при состојби на нервна напнатост.

Чај против настинка
-Претставува мешавина од билки која во својот состав содржи цвет од бозел, липа, тимјан, слатко дрвце и анасон. Билките имаат антисептични својства, предизвикуваат потење, го олеснуваат искашлувањето и дејствуваат благопријатно на организмот. Особено е карактеристично присуството на липа која предизвикува потење и на тој начин ја намалува зголемената телесна температура, која често се јавува како симптом при настинки. Од друга страна, билките бозел, слатко дрвце и анасон предизвикуваат олеснување при искашлувањето, а доколку се работи за непродуктивна кашлица и смирување на кашлицата. Тимјанот има дезинфекциски својства и дејствува силно антисептично на целиот организам.

Слим микс
- чајна мешавина за намалување телесна тежина
-Претставува мешавина од кора од крковина (крушина), зајчев трн, корен од глуварче, слатко дрвце, камилица и сладок анасон. Сите компоненти во мешавината придонесуваат за намалување на телесната тежина преку забрзување на перисталтиката на цревата, обезбедување редовно празнење на цревата, намалување на ресорпцијата на материите и зголемена елиминација на вишокот течности.Се препорачува да се користи неколку пати во тек на денот, после оброк, незасладен.

Целулит микс
- чај кој го помага отстранувањето на целулитот
-Најголем дел од билките во мешавината имаат диуретичен ефект и овозможуваат отстранување на вишокот течности од организмот. Такви се: листот од бреза, коњското опавче, листот од коприва и коренот од глуварче. Билките помагаат во отстранувањето на вишокот течности што се задржуваат и во масното ткиво, и ги отстранува токсичните материи. На овој начин, тие не се задржуваат во и меѓу клетките на масното ткиво и им овозможуваат нормално одвивање на метаболните процеси. Коренот од глуварче врши и детоксикација од отпадните материи и токсини при метаболизмот, и обезбедува заштита од нивно прекумерно натрупување во масното ткиво, каде циркулацијата е и онака отежната.

Сена микс
- чај за подобрување на столицата
-Мешавина од кора од крковина (или крушина), риган (или планински чај), цветови од камилица, лист од сена (или мајчин лист) и сладок анасон. Сите компоненти во мешавината придонесуваат за подобрување при варењето на храната, забрзување на перисталтиката на цревата, обезбедување редовно празнење на цревата, намалување на грчевите, како и за зголемена елиминација на вишокот течности. Особено заради присутниот сладок анасон во мешавината, чајот не создава грчеви и се препорачува и за состојби на хронична опстипација.Се препорачува да се користи навечер, пред спиење, незасладен.

Уве микс
- чај за олеснување на тегобите при воспаление на уринарните патишта
-Мешавина од мечкино грозје, килавица, коњски опаш, лист од бреза, зајчев трн и плод од шипки, кои заедно дејствуваат особено уро-антисептично, антибактериски, противвоспалително и силно диуретично. Билките ја подобруваат циркулацијата во организмот, го зголемуваат излачувањето на урината и воедно, заради силните антибактериски дејства, ги подобруваат состојбите при воспаленија на уринарните патишта. Чајот се препорачува и за исфрлање на камчиња од уринарниот тракт.

Слезов микс
- чај за смирување на кашлицата
-Чајна мешавина од сладок корен (слатко дрвце), корен од бел слез, листови од бел и црн слез, цвет од лопен, подбел, мајчина душица и сладок анасон. Билките имаат противвоспалително и спазмолитично дејство. Заради присутните сапонини и слузи во билките, ја смируваат надразнетата слузница при сува кашлица и ја смируваат истата. Истовремено разредувајќи го густиот секрет, помагаат да се олесни искашлувањето при продуктивна кашлица. Се препорачува да се користи секогаш свежо приготвен, неколку часа пред јадење

Хелабсин микс
- чај за подобрување на функцијата на црниот дроб
-Претставува мешавина од повеќе компоненти како цвет од камилица, лист од нане, ајдучка трева, цвет од смил, кора од крковина и пелин. Сите билки присутни во мешавината дејствуваат поволно на работата на црниот дроб, стимулирајќи ја неговата активност, дејствувајќи противвоспалително, антиоксидативно, хепатопротективно, како и поволно при варењето на храната. Особено се препорачува негова употреба по состојби на воспаленија на црниот дроб.Чајот се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, пред јадење, 2 до 3 пати во тек на денот.

Хиперик микс
- чај за смирување на желудочните тегоби
-Чајната мешавина од лист од маточина, нане, ајдучка трева, жолт кантарион, жалфија и крушина се препорачува за подобрување на фунцијата на желудникот. Присутните компоненти во мешавината благотворно дејствуваат на функцијата на желудникот, стимулирајќи го лачењето на неговите сокови, смирувајќи ги спазмите, дејствувајќи антибактериски и противвоспалително, особено во случаи на чир на желудникот. При состојби на надразнетост на слузокожата на желудникот, ги смирува симптомите на гадење и повраќање. Воедно, сите присутни компоненти го подобруваат варењето на храната и придонесуваат за смирување на желудочните тегоби.Се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, пред оброк, неколку пати во тек на денот.

Извор
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 10 Феб. 2011 20:26

Се надевам дека овие информации за чеавите ќе ви помогнат кога ќе имате некаква потреба,ќе знаете кога каков чај да конзумирате.

Дали и каков чај пиете?
Дали сте пиеле некој органски,медицински, зелен чај,поради некоја причина и дали ви бил делотворен?
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 02 Maј. 2011 13:30

Моментално сум ,,навлечена,, на брусница од Виталија и Ацерола со аронија на Годнејчр,Алкалоид.
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод LadyD » 03 Maј. 2011 19:00

Tiffany Напиша:Омилени чаеви ми се од цреша, јагода и ванила


чај од ванила, прв пат слушам за вакво нешто, каде го купуваш, баш би сакала да пробам.
Слика
СликаСликаСликаСликаСликаСлика
СликаСликаСлика
Членски аватар
LadyD
Модератор
 
Мислења: 1615
Регистриран: 08 Феб. 2011 22:26
Локација: ??????

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод LadyD » 03 Maј. 2011 19:28

а каде го зимаш, во некој маркет или по аптеки?
Слика
СликаСликаСликаСликаСликаСлика
СликаСликаСлика
Членски аватар
LadyD
Модератор
 
Мислења: 1615
Регистриран: 08 Феб. 2011 22:26
Локација: ??????

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод ????? » 03 Maј. 2011 20:57

Го има во Веро и Тинекс,на Goodnature i Frank.
Членски аватар
?????
Модератор
 
Мислења: 1430
Регистриран: 09 Феб. 2011 15:37
Локација: ? in real life ?

Re: Чаеви и нивната намена

Темаод LadyD » 04 Maј. 2011 08:40

штом ќе ме нанесе пат баш ќе зема да пробам :8888:
Слика
СликаСликаСликаСликаСликаСлика
СликаСликаСлика
Членски аватар
LadyD
Модератор
 
Мислења: 1615
Регистриран: 08 Феб. 2011 22:26
Локација: ??????


Врати се во Храна и Пијалоци

Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови и 1 гостин

cron
Bridge by mehdiplugins.com